Дојде моментот да го послушате своето срце и да го направите следниот чекор на патот на јогата!
Потполно разбираме дека ова е еден од највозбудливите моменти во вашиот живот.
Затоа, би сакале да бидеме дел од ова патување и да обезбедиме стабилна основа врз која ќе продолжите да растете и да се развивате како јога практиканти и идни јога учители.
Да ја започнеме оваа одисеја заедно!
Обука за Јога Учители од 200 часа Yoga Alliance ® Certified

Оваа обука не е наменета само да ве подготви како да одржите јога час. Викендите додека трае обуката претставуваат интензивна работа на себе, чекорење по пат, кој некогаш е осамен и тежок, а некогаш нѝ ги носи луѓето кои ќе внесат светлина во најтемните делови од ова внатрешно патешествие.

Бидејќи јога учител не се станува само со завршување на обука од еден, два или шест месеци.

Јогата е начин на живот, постојано себе-истражување и само-поправање, живот кој ја слави дисциплината и понизноста, живот кој се базира на љубов, на простување, на сочувство, разбирање, искреност пред сѐ кон самите себе а потоа и кон останатите.
Потоа доаѓаат останатите аспекти како на пример правилно изведување на асани, помнење на нивните санскрит имиња, креирање секвенца за винјаса час или пеење мантри.

Што ќе добиете од оваа обука?

Непроценливо теоретско знаење и практично искуство

Обука за Јога Учители се фокусира на квалитетот во сите аспекти, почнувајќи од теоретски предавања, практични работилници, тим од искусни предавачи и постојана поддршка на вашиот пат како јога практиканти и идни учители.

Лична трансформација

Севкупната програма е креирана на начин што ќе ви овозможи детоксификација на телесен, умствен и духовен аспект.
Обуката ги покрива сите основни техники и вештини кои се неопходни да ги разберете, да ги живеете пред да го започнете патот на споделување на вашето практично знаење за оваа древна дисциплина.

Yoga Alliance® 200hr Certificate

По успешно завршување на обуката, ќе ви биде доделен Меѓународно признаен и од Yoga Alliance® одобрен Сертификат за успешно завршена обука за јога учители од 200 часа

За кого е наменета оваа обука?

~ Секој што практикува јога и сака да го продлабочи и утврди своето знаење
~ Секој што чувствува дека му е потребна промена и има желба да го подобри квалитетот на својот живот
~ Јога инструктори заинтересирани да го верифицираат своето знаење со диплома која е меѓународно признаена

Sign up now

Програмата вклучува

  • Меѓународно признаен и од Yoga Alliance® одобрен Сертификат за успешно завршена обука за јога учители од 200 часа
  • Хата јога и Винјаса (пракса и теорија)
  • Медитација и пранајама (практична и теоретска настава)
  • Теоретски предавања и практични работилници кои ги содржат следните елементи: асана, пранајама, шаткарма, мудра, бандха, техники на медитација, мантра и киртан јога
  • Јога филозофија, начин на живот и етика за јога учителите
  • Функционална Анатомија – анатомија на движењата
  • Методологија на предавање (практична настава)
  • Прирачник
  • Можност за вработување како како јога учител

Информации за обуката

  • Времетраење

Обуката ќе започне на 28ми Септември 2019 (сабота), а ќе заврши на 05ти Април 2019 (недела).
Предавањата ќе се одржуваат за време на викендите во овој временски период, со вкупен број од 12 викенди.
Учеството на сите 200 часа се задолжителни. Доколку отсуствувате поради здравствени или лични причини, потребно е навремено да ги известите предавачите и пропуштените часови да ги надокнадите во договор со предавачите.

  • Распоред

08:00-09:30 ~ Хата Винјаса асана јога пракса
09:30-10:00 ~ Пранајама
10:00-11:00 ~ Пауза за појадок
11:00-13:00 ~ Предавање (Филозофија, Анатомија)
13:00-13:30 ~ Пауза
13:30-15:30 ~ Методологија на предавање (практична настава, работа во парови, техники на предавање)
15:30-16:00~ Медитација

  • Завршен испит

На крајот од обуката следува завршен испит (практичен и писмен) на кој студентите ќе ги демонстрираат своите вештини и знаења што ги стекнале за времетраење на обуката. Проверката е тековен процес преку евалуација на студентите и нивното учество, мотивација, групна работа и индивидуални достигнувања.

Завршниот испит се состои од:

Практичен дел -водење на групен час
Писмен дел -теоретско објаснување на одредена тематика поврзана со предметите кои ќе се изучуваат.

Запознај ги учителите

Maitri е санскрит збор кој може да се преведе како алтруизам, пријателство, љубов, добронамерност. Култивирање на алтруистичко однесување кон себе и сите живи суштества е една од главните цели и придобивки кога практикуваме јога со медитативна свесност.

Maitri исто така ја опишува менталната унија која се случува кога две или повеќе лица се на иста бранова должина. Овој концепт е основата врз која ги поставивме темелите на нашата Школа за Обука на Јога наставници.

Покрај редовните јога часови, работилници, јога одмори и семинари, секоја година организираме и Обуки за јога учители, кои се акредитирани
од најголемото светско здружение за јога Yoga Alliance®, и нашата програма ги следи стандардите на Јога алијансата.

Студентите кои ќе ја завршат оваа Обука за Јога наставници, имаат право да се пријават во Yoga Alliance ® како регистрирани наставници за јога RYTs ).

Марина Антониева
Yoga Alliance RYT 500hours, E-RYT 200hours, YACEP

Аштанга и Хата Винјаса јога учител со долгогодишно искуство и длабока преданост на јогата.

После многубројни работилници и јога часови поминати под водство на своите јога учители Yogacharya Srinatha, Surya Vatsa и Swami Deva Arhato во Мајсор, Индија, учество на многубројни јога работилници и курсеви во Европа и Индија, како и самостојно одржување на над 2500 јога часови, курсеви и обуки за јога учители, на автентичен начин ќе ви го пренесе своето знаење и искуство во оваа област.

Симоне Мателикани Феници
Yoga Alliance RYT 500hours, E-RYT 200hours, YACEP

Хата и Хата Винјаса јога учител кој живее и работи во Рим, Италија. Има повеќе од 15 годишно јога искуство, длабоко познавање на јогата во сите свои сегменти и делувања, учество и водење на многубројни семинари, работилници, курсеви и обука за јога учители во Рим, Мајсор (Индија) и Скопје.
Неговите часови се предизвикувачки како за телото така и за умот!

Цена и начин на плаќање

Екстра цена за рана пријава до 15.08.2019 или плаќање на целиот износ – 800 евра
Регуларна цена на обуката и пријава после 15.08.2019 – 900 евра
Овозможено е плаќање на 6 рати.
Местата се ограничени на 10 учесници.

Плаќањето се врши на жиро сметка:
МАИТРИ ЈОГА Скопје
270-0732205401-94
Halkbank AD Skopje

Во ценатае вклучено:

  • 200 часа Хата и Винјаса Јога теорија и пракса
  • Сертификат за успешно завршена обука за јога учители од 200 часа  акредитиран од YogaAlliance®
  • Медитација и пранајама (практична и теоретска настава)
  • Анатомија предавања
  • Јога филозофија предавања
  • Прирачник
  • Користење на помошни реквизити (блокчиња, појаси, јога ќебиња и простирки)
  • Можност за работа во Маитри Јога

🕉 Ако јогата е дел од твоето секојдневие, сакаш да ја подобриш личната пракса и да стекнеш непроценливо теоретско и практично знаење, придружи ни се на оваа 200часовна, Меѓународно Сертифицирана Обука за јога учители.

Пријави се